Бријаторе: На Ферари не им треба Хамилтон

Од:

Ферари не треба да троши пари на толку скап пилот како Луис Хамилтон, туку да се обложува на Леклер и да инвестира повеќе во автомобилот. Ова е мислењето на Флавио Бријаторе, познат по неговата директност. Постојат многу шпекулации за иднината на шесткратниот светски шампион по 2020 година, а очекувањата се дека ќе ја заврши кариерата во црвениот болид, што е сон на секој пилот.

Ако таквиот потег е логичен за самиот Хамилтон, тогаш ова не е добра опција за Скудерија, вели Брајаторе:

– Хамилтон во Маранело во 2021 година? Јас би се обложил на Шарл помеѓу него и Леклер. Тоа чини помалку. Тото Волф во Ферари во 2021 година? Тој е акционер во Мерцедес. Нема смисла да биде вработен во друг тим – тоа нема да ги реши проблемите, смета Италијанецот.

Бријаторе даде пример со Рено, тим што го водеше пред години.

– На Ферари му треба лидер, и што е најважно, автомобил. Рено, на пример, му даде многу пари на Даниел Рикардо, и подобро беше да инвестира во развој на автомобилот. Ферари мора да направи автомобил што е една десетина побрз од Мерцедес, само тогаш пилотот навистина може да придонесе, посочи тој.

Би можело да ве интересира

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур

Трката во Формула 1 во Холандија беше прекината поради силен дожд

ВИДЕО: Норис му го скрши трофејот од 40.000 евра на Макс Верстапен

Предраг Петровиќ

Алонсо ќе носи кацига посветена на првиот Ф1 болид на Астон Мартин