Рок групата „Lincoln Letter“ утре ќе одржи концертна промоција на својот деби албум „Bedtime Stories“, во денсинг салата во МКЦ во 20 часот.
Влезот ќе биде бесплатен за сите посетители, а по концертот за слушателите ќе бидат достапни и бесплатни „download“ кодови за албумот.
Албумот е снимен во 2019 година и содржи 12 песни.
Рок музиката на групата од Скопје е инспирирана од музиката на вестерн филмовите.
На албумот работеле музичките продуценти Ади Имери и Милош Краљевски, како и самиот бенд. „Lincoln Letter“ е составен Јаков Наумоски, Јулијан Мицевски, Борјан Гаговски и Стефан Сајковски.