Ракометарите стигнаа во Букурешт, наострени за дуелот со Алжир

Од:

Македонската ракометна репрезентација пристигна во романската престолнина Букурешт, каде утре од 15 часот го игра своето полуфинале на турнирот „Трофеј Карпати“, а противник е Алжир.

Тоа ќе биде претпоследна контрола на турнејата на која Данило Брестовац со себе зеде главно млади ракометари. Во другото полуфинале играат Романија и Холандија, па в недела подмладените „црвено-жолти“ ќе си ги одмерат силите и со една од овие селекции од 15 или 17.15 часот, во зависност дали мечот ќе биде за трето место или финале.

РФМ за понеделник во Скопје закажа прес-конференција на која ќе се обрати Брестовац и ќе го каже списокот на патници за Европското првенство. Мечевите во Букурешт се последна шанса за кандидатите да се наметнат и да докажат дека заслужуваат да се појават на ЕП.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Полицаец со пендрек го удри репрезентативецот Филип Талески

Ана Ололовска

Македонските ракометари во група со Франција и Германија на ЕУРО 2024

Ана Ололовска

Македонските ракометарки во група со Шпанија, Литванија и Азербејџан во квалификациите за ЕП2024

Ана Ололовска

ВИДЕО: Инциденти на ракометно дерби, прекинат натпреварот Вардар – Еурофарм Пелистер

Горан Наумовски

Александар Јовиќ нов тренер на РК Еурофарм Пелистер

Ана Ололовска

Среќно „ракометно реми“ на Еурофарм Пелистер со Агуаш Санташ 27:27

Ана Ололовска