„Војаџер 1“ го напушти Сончевиот систем

Од:

Вселенското летало „Војаџер 1“, кое е лансирано од Земјата пред 36 години, го напушти Сончевиот систем и зачекори во нови пространства, соопшти денеска американската Национална аеронаутичка и вселенска администрација (НАСА).

Сондата, која сега е оддалечена од Земјата повеќе од 18 милијарди километри, е лансирана во Вселената на 5 септември 1977 година со задача да истражува планети во Сончевиот систем и потоа да го продолжи своето патување и надвор од него.

„Војаџер 1“ сега е толку оддалечен што неговиот радио сигнал патува 16 часа до Земјата. Влегувајќи во просторот надвор од влијанието на Сонцето, сондата детектирала драматични промени во нивоата на радијација.

– „Војаџер“ детектира се повеќе честички со висок енергетски набој од меѓуѕвездениот простор, а се помалку енергетски честички од правец на нашето Сонце, изјави астрономот на НАСА и почесен професор на Универзитетот ви Ново Мексико, Бил Вебер.

Научниците, меѓутоа, се уште не можат со сигурност да потврдат дека „Војаџер 1“ се наоѓа во меѓуѕвездениот простор, туку наведуваат дека сондата најверојатно е во нов досега непознат граничен предел меѓу хелиосферата и меѓуѕведениот простор, т.н. хелиогребен.

„Војацер 1“ се движи кон центарот на Млечниот пат. Неговиот плутониумски извор на енергија ќе се потроши за околу десет до 15 години кога ќе престанат да работат сите негови инструменти.

Би можело да ве интересира

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ