Италијанскиот Доминик Парис победи на спустот во Бормио, дел од Светскиот куп во алпскоскијање. 30-годишниот Парис даде време од 1:49,56 минути. Тој беше побрз за 39 стотинки од Швајцарецот Беат Фојц, а трет беше Австриецот Матијас Мајер, кој беше на 42 стотинки од првото место. Интересно е што денес немаше друг конкурент со помалку од секунда зад победникот.
'It's a dream come true!'
Dominik Paris cannot be stopped at #Bormio. Dominik Paris will not be stopped at #Bormio
Magnificent from the Italian in front of the home fans ?? #fisalpine pic.twitter.com/dgOSAhGo30
— Eurosport UK (@Eurosport_UK) 27 décembre 2019
За Парис, ова е прва победа сезонава и вкупно 17-та во неговата кариера. Италијанецот веќе има 13 победи во спуст.
Утре претстои нов спуст, а во недела комбинација.
Хенрик Кристоферсен (Норвешка), со 379 бода во техничките дисциплини, сè уште е лидер во пласманот во Светскиот куп, а Доминиќ Парис е втор со само 30 бода помалку. На ранг-листата следат Александар Амод Килде (Норвешка) со 344 поени, Матијас Мајер (Австрија) со 317 и Винсент Крихмаер (Австрија) со 312.
Во пласманот за малиот Кристален глобус во спуст води Беат Фојц со 240 бода, пред Парис со 204 и Германецот Томас Дресен со 141.