Васовски: Граѓаните на Кисела Вода не смеат да ги изгубат и наредните 4 години

Од:

Кисела Вода е единствена Општина во градот Скопје, а вооедно и во Република Македонија, која има изграден гасовод во должина од 11км низ целата сопствена должина.

Иако овој проект целосно беше изграден во времето кога СДСМ раководеше со Владата на РМ, во далечната 1997, тој не заживеа само поради немањето на капацитет на градоначалниците од ДПМНЕ кои владеат со Општината 12 од последните 16 години, рече Љупчо Васовски, кандидат за градомначалник на општината од редовите на Сојузот за иднината.

Граѓаните на Кисела Вода не смеат да ги изгубат и наредните 4 години. Поради тоа ние се обврзуваме дека: Ќе отпочнеме со изградба на секундарна гасоводна мрежа низ сите населени места во Општината. Прва делница од секундарниот гасовод ќе започне во Октомври 2013, а први ќе бидат приклучени јавните институции, индустриско-комерцијалните објекти и домакинствата во населбата 11 Октомври. Во декември 2013 предвидено е започнување со изградба на мрежата во Индустриската зона Пинтија и населбата Драчево, а благодетите од намалените трошоци за греење ќе можат да бидат почувствувани во грејната сезона 2014.

Би можело да ве интересира

Шест месеци до изборите во САД: „Претседателот е доста непопуларен“

Горан Наумовски

Косово на прагот на нови предвремени избори

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз