Кина, Иран и Русија ќе одржат заеднички поморски вежби

Од:

Кина Иран и Русија ќе одржат заеднички поморски вежби што почнуваат утре во Индискиот Океан и Оманското Море. Тоа го објави денеска кинескиот министер за одбрана во момент на зголемени тензии во регионот меѓу Техеран и Вашингтон.

Вежбите ќе траат до 30 декември, а цел е да се поттикне соработка на морнариците на трите држави. Оманското Море е посебно чувствителен воден пат бидејќи е поврзано со Хормушкиот теснец низ кој минуваат петтина светски нафтени транспорти што се поврзани со Персискиот залив Вежбите се одржуваат во време на зголемени тензии меѓу САД и Иран.

Превирањата се интензивираа минатата година кога американскиот претседател Доналд Трамп ги повлече САД од нуклеарниот договор склучен во 2015 година со шест држави и повторно воведе санкции што сериозно му наштетија на Иран.

Вашингтон предложи поморска мисија предводена од САД по неколку напади во мај и јуни врз меѓународните трговски бродови, вклучувајќи ги и саудиски танкери, во водите на Заливот, за што САД го обвинија Иран. Техеран ги отфрли обвиненијата.

Би можело да ве интересира

Захарова: „Имаме докази, вклучени се САД и Велика Британија“

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ

Хезболах лансираше „голем ракетен бараж“

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Цените на нафтата скокнаа за над 8 отсто минатата недела поради ескалацијата на Блискиот Исток

ВИДЕО: Откажани се летовите од аеродромите во Иран

Катерина Ѓуровски