Десковска: Амбасадорот на ОБСЕ го информиравме за фиктивните гласачи

Од:

На денешната средба со амбасадорот на ОБСЕ,СДСМ го информирал за сите согледувања, нерегуларности, во досегашното спроведување на локалните избори. Му ги презентирале податоците и доказите, околу фиктивните гласачи, кои што се јавуваат на избирачкиот список, афера која што беше вчера обелоденета, и исто така побаравле набљудувачката мисија на ОБСЕ и ОДИХР, да остане и да го набљудува и вториот круг на локалните избори, за што одлука ќе донесе ОДИХР.

Бројот на набљудувачи е веќе утврден, најавен е кој ќе дојде, така што главното барање било да има набљудувачка мисија, и тоа во полн капацитет, и во вториот круг.

„Ние постојано, досега, ја информираме и јавноста за проблемите со кои што се соочувавме во текот на изборите, така што, беа спомнати злоупотребите на буџетските средства во предизборна кампања, предизборните вработувања, кои што се правеа спротивно на Законот, предвремено почнување на предизборната кампања, и она што значи нерегуларности околу водењето на избирачкиот список, и појавувањето на лица, кои што досега не фигурирале во избирачкиот список.

– Ние во 2011 година, имавме список, кој што беше надуен, кој што требаше да биде прочистен. Наместо прочистување, сега се соочивме со ситуација, во споредба на списокот од 2011 година, и списокот по кој што треба да се спроведат изборите сега, сега имаме зголемување на бројот.Вчера беа обелоденети за Општина Центар. Имиња на лица кои што не се појавуваат во избирачкиот список во 2011 година, се појавуваат сега во избирачкиот список од 2013 година, а не се лица кои што стекнале право на глас по основ на полнолетство. Значи, станува збор за лица, кои што, накнадно добивале или државјанства или престојувалишта, и биле запишувани во избирачкиот список“, рече Рената Т. Десковска.

Би можело да ве интересира

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме