Црвенковски: Kумe и кумашине, со вас ни изгоре ќесето

Од:

„Зоран Ставрески подобро се чувствува како кум на Никола Груевски отколку како министер за финансии и затоа изјавата ја даде како кумашин на Груевски“, вака лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски ја коментираше изјавата на Ставрески дека лидерот на СДСМ и на ВМРО-НП се лице и опачина на сите падови на духот и моралот на македонските граѓани.

Ставрески, рече Црвенковски, требаше да одговори зашто имаме пад на екомонијата за 1,4 насто, зашто вработеноста во индустријата е намалена за 8 проценти, колку владата му должи на стопанството и зошто долгот кон странство е зголемен двојно.

„Ставрески нека го праша кумот Груевски зашто 4 години седеше во неговата влада како млада невеста и зошто потпишуваше се што ќе му кажеа и за приватизациите и за стеачите и за отпуштените работници“, рече Црвенковски.

Затоа мојата порака, рече Црвенковски до кумот Груевски и кумашинот Ставрески е „со вас куме на власт, на граѓаните им изгоре ќесето“.

„Не ни помислував дека ќе седнам на заедничка маса со Георгиевски, со него и денес имаме разлики но не се надевав дека државата ќе дојде на ова дереџе. Настрана ги ставаме сите идеолошки разлики и суети и заедно со сите и партиски, непартиски луѓе и интелектуалци, ќе ја избориме слободата со сите на кои иднината на Македонија им лежи на душа. Ние друга држава немаме“, рече Црвенковски.

Би можело да ве интересира

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски