(ВИДЕО) Османи: На Тетово му е потребна чесност, морал и коректност

Од:

Претседателот на НДП Руфи Османи побара подршка за нивниот кандидатат за градоначалник на општина Тетово, Изет Зеќири на синоќешниот митинг во Тетово.

„Чест ми е да го промовирам вистинскиот човек за Тетово, човек за надеж, иднина и преспектива за Тетово, човек од разбирање, знаење и морал како Изет Зеќири. Тоа се вредности што ги немаат нашите противкандидати особено тука во Тетово. Граѓаните на Тетово не треба да се грижат дали Изет ќе има финасии за своите проекти. Парите ги потрошија оние што ги украдоа преку наместените тендери. За Изет пари има од Брисел, Вашингтон, Германија и од други меѓународни фондови и ќе може да ги реши проблемите бидејќи на овој град му е потребна чесност, морал и коректност“, рече Османи.

Од вас барам поддршка за излез на општината од тешката состојба во која се наоѓа. Ова во својот говор го рече кандидатот за градоначалник на општина Тетово Изет Зеќири.

„Денеска Тетово е безнадежен град во културен, економски и социјален аспект и претставува град со големи ресурси а мали можности. Јас можам да направам многу за Тетово бидејќи ги знам вашите проблеми со водата за пиење, фекалната и атмосферската канализација, патиштата и улиците, парковите и зеленилото, недостатокот на странски инвестиции и големата невработеност особено кај младите.

– Претходните градончалници покажале дека не можат да ги решат проблемите и многу малку работеле на тоа. Јас сум човек на проекти, а не на зборови зашто досега јас имам изработно илјадници меѓународни проекти“, изјави Зеќири.

На митингот зборуваа и носителот на советничка листа Хамди Саити како и кандидатите за градоначалници за другите општини од тетовскиот регион.

Би можело да ве интересира

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме