Заврши снимањето на играниот филм „Сестра“ на режисерката Дина Дума

Од:

На езерото Матка во неделата заврши снимањето на „Сестра“ – прв долгометражен игран филм на младата режисерка Дина Дума. Снимањето на филмот е поддржано од Агенцијата за филм и е копродукција со Црна Гора и Косово. Режисерката Дума е и авторка на сценариото заедно со Мартин Иванов.

-„Сестра” е приказна за две тинејџерки чие пријателство е ставено на тест кога тие се соочени со последиците од нивното декадентно однесување, соопшти „Лист продукција“ за филмот кој се снимаше на локации низ Скопје.

Главните улоги ги играат Антонија Белазелкоска и Миа Жиро. Продуцент на филмот е Марија Димитрова, кинематографер Наум Доксевски, монтажер Мартин Иванов, сценографијата е на Кирил Спасевски и Симо Бранов, костимите ги изработи Роза Трајческа-Ристовска, а за шминката беше задолжена Жанета Димитриевска.

Би можело да ве интересира

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола

Критичарите воодушевени од новиот хорор филм: Го нарекуваат најстрашниот филм од „The Shining“

Предраг Петровиќ

Во Турција е забранет новиот филм на Даниел Крег со интимни геј сцени

Предраг Петровиќ

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Лијам Нисон призна дека Памела Андерсон му го освоила срцето: Лудо сум вљубен во неа

Предраг Петровиќ

Недела на романски филм во Кинотека: Проекции на филмовите на Пују, Мунџиу, Порумбоју и Жуде кои ја поставија Романија на мапата на светската кинематографија

Предраг Петровиќ