Плеарната седница ја прекина работата на Комисијата за образование

Од:

Заменик-претседателката на собраниската Комисија за образование, наука и спорт Милева Ѓорѓиева денеска ја прекина работата на 42. седница поради тоа што во 11 часот е предвиден почеток на пленарна седница. Членовите на Комисијата за продолжението на оваа седница дополнителнно ќе бидат известени.

На седницата присуствуваше и заменик-министерката за образование и наука Елизабета Наумовска.

Димитар Стевананџија од ВМРО-ДПМНЕ реагираше што седницата почна со задоцнување од 30 – тина минути и предложи да се дополни дневниот ред со тоа што ќе се разговара за состојбата во македонското образовнието.

Тој информира дека повеќе пати ја барале и прозивале заменик-министерката Наумовска.

-Повеќе од две и полгодини ние бараме информација од МОН што има реализирано Владата во овие две и полгодини, рече Стевананџија.

Тој зборуваше за грижата за македонскиот јазик, за состојбата во студентските домови и праша што се случува таму, за недостигот на учебници, за превозот на учениците во Прилеп и Битола, за слабиот интерс за студирање на некои факултети и групи…

На дневен ред на оваа седница се Предлог-закон за образование на возрасните во прво читање и Предлог-законот за изменување и доплонување на законот за стручно образование и обука, по скратена постапка, во второ читање.

Би можело да ве интересира

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on