Трилатерален состанок посветен на Северна Кореја, слободна трговија и економска соработка

Од:

Лидерите на Кина, Јапонија и Јужна Кореја на трилатералната средба повторија дека остануваат посветени да стават крај на севернокорејската нуклеарна и ракетна програма.

Покрај Северна Кореја, кинескиот и јапонскиот премиер Ли Кечијанг и Шинѕо Абе и претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае-ин разговараа и за слободна трговија и економска соработка.

Ли, Абе и Мун се согласија дека дијалогот и консултациите се единствен ефикасен начин да се решат проблемите на Корејскиот Полуостров.

– Нашите три земји се подготвени да работат заедно со меѓународната заедница за да го решат прашањето за Корејскиот Полуостров на политички начин, истакна Ли на заедничката прес-конференција.

Трилатералните средби на Кина, Јапонија и Јужна Кореја се одржуваат од 1997 година кога се случи големата азиска финансиска криза. Трите земји имаат 24 отсто од светската трговија, економски добро се поврзани, а минатата година трговската размена помеѓу нив изнесуваше 720 милијарди долари.

Би можело да ве интересира

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина