ФОТО: Повторно демолиран штабот на Сојузот за иднината во Охрид

Од:

„Повеќе од очигледно е дека сите наши повици за пристојна кампања и кампања без притисоци се залудни. Изминатава ноќ повторно беше демолиран штабот на Сојузот за иднината во населбата Воска, за кој реагиравме и на вчерашната прес конференција. Ваквото однесување на политичкиот противник не не изненадува, ако се има предвид начинот на кој функционира оваа власт. Политичкото дно е допрено.

– Ова е само мал дел од она што ДПМНЕ го прави на префиден начин секојдневно на терен. Остана малку време и многу, многу пристисоци и закани во текот на оваа кампања. Сите овие притисоци се насочени кон граѓаните на Охрид, па оттукуа логично се наметнува прашањето како кандидатот на ДПМНЕ очекува да биде изгласан за татко на градот, кога истиот е кандидат на партијата која за едни е татко а за други очув? Колективната меморија на граѓаните не може да се избрише со љубезни изјави и скапи спотови.

– Сојузот за иднината бара од ДПМНЕ и нивниот кандидат да се оградат од ваквите настани, да покажат демократска зрелост, да се издигнат над ситуацијата и да на достоинствен начин да ја прифатат желбата на граѓаните на Охрид, иако не е во прилог на нивните калкулации“, велат од Сојузот за иднината Охрид, во писмено соопштение .

skrsen-stab-ohrid-21-mart (1) skrsen-stab-ohrid-21-mart (2) skrsen-stab-ohrid-21-mart (3) skrsen-stab-ohrid-21-mart (4)

 

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“