Околу 75 припадници на меѓународен ланец за трговија со дрога притворени се во северна Италија и Рим по разоткривањето од страна на полицијата дека дрогата ја пренесувале во кучиња.
Животните ги присилувале да голтаат пакети со наркотици, па откако безбедно ќе ја минеле границата, на суров начин ги ваделе пакетите од утробите на кучињата.
Се претпоставува дека на ваков начин настрадале најмалку 50 животни и покрај тоа што полицијата и ветеринарните служби веќе спасиле неколку.
Според полицијата крумчарите користеле големи расни кучиња со цел количината на дрогата да биде што поголема, но се уште не се знае на кој начин ги присилувале кучињата да голтаат пакети тешки дури 1,5 кг., завиткани во пластика и заштитна фолија.
Елена Георгиевска