Новиот филм за Џејмс Бонд ќе стаса во рок од три години

Од:

Филмското студио МГМ соопшти дека новиот филм за тајниот агент Џејмс Бонд стасува во рок од три години, а наскоро ќе се соопшти и името на новиот режисер, откако Сем Мендес се откажа од проектот.

На конференцијата за инвеститори, претседателот на МГМ и главен извршен директор, Гери Бербер рече дека студиото веќе работи на сценариото за наредниот филм за британскиот таен агент. Филмот ќе биде 24-ти  во 50 години старата франшиза.

– Возбудени сме поради франшизата и едвај чекаме да го соопштиме и името на режисерот. Моментално работиме на сценариото и се надеваме дека наскоро ќе биде готово. Филмот би требало да излезе во наредните три години, рече Бербер.

Тој не даде никакви детали околу улогите во филмот, но актерот Даниел Крег веќе ги потпиша договорите за улогата на Џемс Бонд во уште два филма.

Филмот од 2012 година „Скајфол“ заработи 1,1 милијарди долари и ги воодушеви критичарите. Сепак, режисерот Мендес отстапи од понатамошна работа на Џемс Бонд и рече дека сака да се посвети на театарска режија.

– Мендес направи неверојатна работа со „Скајфол“. Благодарни сме му на тоа, коментираше Бербер.

Во продуцирањето на „Скајфол“ МГМ се здружи со Сони, а наведоа како „Скајфол“ и „The Hobbit An Unexpecdet Journey“ им помогнале тројно да ги зголемат приходите во минатата година.

Би можело да ве интересира

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола

Критичарите воодушевени од новиот хорор филм: Го нарекуваат најстрашниот филм од „The Shining“

Предраг Петровиќ

Во Турција е забранет новиот филм на Даниел Крег со интимни геј сцени

Предраг Петровиќ

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Лијам Нисон призна дека Памела Андерсон му го освоила срцето: Лудо сум вљубен во неа

Предраг Петровиќ

Недела на романски филм во Кинотека: Проекции на филмовите на Пују, Мунџиу, Порумбоју и Жуде кои ја поставија Романија на мапата на светската кинематографија

Предраг Петровиќ