Ѓорчев: Пратениците на СДСМ и министерката Царовска да престанат да го блокираат зголемувањето на пензиите

Од:

„Со жалење може да се констатира дека денес ова утро, пратениците на СДСМ односно ниту еден од пратениците од СДСМ, но и неприсуството на министерката Мила Царовска, не присуствуваа на седницата на Комисијата за труд и социјална политика. Имаме кочење на зголемувањето на пензиите за пензионерите“, рече Влатко Ѓорчев, координатор на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија.

„Денес ова утро видовме како Мила Царовска, пратениците на СДСМ и СДСМ како партија го блокираат зголемувањето на пензиите за пензионерите.

Ова утро имавме закажано Комисија за труд и социјална политика во 10 и 30 часот. Ниту еден пратеник од СДСМ не беше присутен. Дури во 11 часот една пратеничка на СДСМ дојде и кажа ајде да почнуваме со работа. Како да почнеме со работа кога немаме кворум, како да почнеме со работа кога ниту еден пратеник на СДСМ не беше присутен, како да почнеме со работа кога го блокираат зголемувањето на пензиите со доставени 200 закони во овие две недели.

Никогаш, 30 години наназад во Собранието немало 200 доставени закони за две недели. СДСМ го блокира работењето на Собранието.

Имаме ситуација во која што изминативе три години СДСМ има предложено 300 измени на закони. Сега, во две недели 200 закони ќе менуваат. Ако претходно сме имале 100 закони годишно, сега имаме 100 закони неделно.

Ги повикувам Мила Царовска, пратениците на СДСМ како и СДСМ како партија да не го блокираат зголемувањето на пензиите. Се работи за важно зголемување, се работи за пари и средства кои што ги очекуваат пензионерите и се работи за несериозност на СДСМ.

Пратениците на СДСМ треба да дојдат на нивното работно место. Ај што не се јавуваат за збор, ај што молчат, ај што имаме десетици пратеници од СДСМ кои што година дена еднаш немаат земено збор во ова Собрание, барем нека дојдат и да ги поминеме законите како што е овој за зголемувањето на пензиите“, изјави Влатко Ѓорчев, координатор на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Стоименов од АПИС: Предлог законот за игри на среќа содржи уставно спорни и дискриминаторски одредби

Предраг Петровиќ

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители