Имаме проверени луѓе, проверен начин на работа, методологија и филозофија на работење на ВМРО-ДПМНЕ. Ние ветуваме конкретни дела, a тие се запишани и во програмата на Зоран Ѓорѓиевски и на ВМРО ДПМНЕ. Тие конкретни дела ги имате запишано во програмата на ВМРО-ДПМНЕ од претходните избори зад кои стоиме, кои ги работиме, дел од нив се завршени, а дел ќе се завршат, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски на вечерашниот предизборен митинг во Куманово.
Тој ги повика кумановци да мерат по учинок, не по она што го ветиле, туку по она што го сработиле.
Никогаш не сме ви ветиле дека ќе ги решиме сите проблеми.Тој што ви ветува тоа, знајте дека ве лаже. Македонија има толку многу проблеми што навистина не е можно да се решат сите во еден или два мандата. Внимавајте на оние луѓе кои одмерено, чесно, работат посветено, имаат искрен однос кон работата и излегуваат со отчет, прецизна програма и создаваат дела, рече Груевски и додаде дека такви луѓе и требаат на Македонија и оти Македонија се сака со дела.
Груевски од Куманово му порача на лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски дека тој не е иднината, туку дел од грдото минато на Македонија, кога се шверцуваше, кога Маѓаш и други како него делеа пари во кафана. -Тоа е дел од минатото кое никогаш нема да се повтори. Кога пропаѓаа пирамидални штедлници, имаше криминална приватизација, кога се направи армија невработени. Ние не сакаме таква иднина, тоа е дел од нашето минато, истакна Груевски.
Според него уште еден обид на Црвенковски да го изманипулира народот се ветувањата дека ќе ја подобри економијата и ќе ја намалува невработеноста.
Кога ти говориш за економија, невработеност не ти поминува. Ти ја создаде сиромаштијата, ти ја создаде армијата стечајци. Во време на владеење на СДСМ невработеноста достигн до 38 проценти. Толку беше кога ја презедовме власта. И покрај должничката криза сепак со многу работа, со многу мерки, реформи успеавме да не се дозволи да се зголеми, туку да се намали на 30,6 проценти. Тоа не е доволно треба уште. Ќе биде подобро, ќе продолжиме да работиме, потенцира Груевски.
Тој смета дека Црвенковски ја прокоцкал својата политичка кариера и оти не ја оправдал довербата што му ја дал народот.
Бранко вели дека немало демократија, имало режим тиранија. Дали тиранија е 135 милиони евра поддршка за земјоделците секоја година наспроти нивните 5 миниони евра. Дали тиранија е затоа што пензиите се зголемуваат, социјалната помош и секоја година ги намалуваме цените на лековите. Тоа ли е тиранијата што ја немаше во времето на Бранко кога се градат улици, водоводи, кога се создава, кога се инвестира кога доаѓаат странски инвеститори и редица крупни компании. Ако имаше режим или како поинкау не нарекува режимот е во неговата глава зашто не сфаќа дека неговото време помина, рече Груевски.
Кандидатот за градоначалник Зоран Ѓорѓиевски потенцира дека е време на Куманово да му се случи промена.
Тој појасни дека во неговата програма нема ништо бомбастично, туку само дела кои се потребни на градот, како нови патишта, нова автобуска станица, реконструкција на болницата, на училишта, изградба на спортски сали…