Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски вечерва говореше пред граѓаните на митингот кој коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ го одржа во Куманово.
Гледам дека веќе неколку дена СДСМ кренаа раце од тоа какви проекти ќе направат. Направија колку да се каже дека имаат програма, ја поделија, некаде напишале што ќе им дојде на памет, се обидоа на таков начин, ама истражувањата на јавното мислење не покажа дека тоа им помага, туку дека ќе изгубат. Во последните денови се фокусирани на време да најдат алиби за нивниот иден пораз, за да прогласат дека изборите не биле регуларни и легитимни, и се повеќе и повеќе зборуваат на таа тема и измислуваат повеќе причини, само Бранко Цренковски во недела вечер да не признае пораз.

Грувески истакна дека СДСМ смислува разни сценарија, но дека истите повеќене поминуваат кај граѓаните.
Почнаа со кршење на прозорците на нивните штабови. Утредента излегуваат со приказна дека во Крива Паланка жена и маж отишле во 3 часот наутро во социјалното и пишувале некакви решенија. Па кога видоа дека тоа не им помина, смислија нешто ново. Нашле некои луѓе во нивната партија кои кога ги заменувале личните карти не ги вратиле старите и ги повикале да кажат дека се со две лични карти. Денеска смислија нови приказни со државјаните на Македонија од Пустец, каде ќе глсале, како ќе гласале, на кои адреси биле. Утре ќе смислат нешто ново, со цел во недела Бранко да се спаси. Ова е операција за спас на Бранко, како да се спаси Бранко за да излезе да каже во недела не сум јас крив за поразот, режим има, тиранија има, посочи Груевски.
Тој праша како Црвенковски мисли дека Европската комисија четири години по ред може да дава два позитивни извештаи и препораки за започнување на преговорите за членство, а кај нив клучен да е политичкиот извештај, а во исто време, откако Македонија добила 4 извештаи по ред, Бранко да продава приказна дека нема демократија.
