НДП: На Тетово му треба човек со знаење и морал

Од:

Националната демократска преродба вечерва на митинг во Тетово ја побара поддршката за нејзиниот кандидат за градоначалник на општина Тетово Изет Зеќири.

Чест ми е да го промовирам вистинскиот човек за Тетово, човек за надеж, иднина и преспектива за Тетово, човек од разбирање, знаење и морал како Изет Зеќири. Тоа се вредности што ги немаат нашите противкандидати особено тука во Тетово. Граѓаните на Тетово не треба да се грижат дали Изет ќе има финасии за своите проекти. За него пари има од Брисел, Вашингтон, Германија и од други меѓународни фондови така што тој ќе може да ги реши проблемите, бидејќи на овој град му е потребна чесност, морал и коректност, рече претседателот на партијата Руфи Османи, кој порача на присутните дека на овие избори имаат три опции од кои две од нив се црни, а едната е бела и тоа е НДП.

Кандидатот за градоначалник на општиан Тетово од редовите на НДП, Изет Зеќири побара подршка за излез на Општината од тешката моментална состојба во која се наоѓа во сите полиња од животот и работата.

Сакам да ја искажам својата загриженост за актуелната состојба во Тетово, но и да ги претствиме нашите планови за иднината. Денес Тетово е безнадежен град во културен, економски и социјален аспект и претствува град со големи ресурси, а мали можности. Јас можам да направам многу за Тетово бидејќи ги знам вашите проблеми со водата за пиење, фекалната и атмосферската канализација, патиштата и улиците, парковите и зеленилото, недостатокот на странски инвестиции и големата невработеност особено кај младите, рече Зеќири.

Според него претходните градончалници покажале дека не можат да ги решат проблемите и многу малку работеле на тоа. – Јас сум човек на проекти, а не на зборови зашто досега јас имам изработно илјадници меѓународни проекти. Не ветувам дека Тетово ќе стане Париз туку дека ќе стане град како што му доликува со економска и културна иднина и перспектива за младите кои нема да треба да одат на печалба. Ова нема да го напарвам сам туку со мојот тим и вас граѓаните. Сега е потребно тетовци да подржат човек кој ќе се бори за нивните права со целиот свој арсенал од знаења, рече Зеќири.

На предизборниот митинг на НДП зборуваа и носителот на изборната листа за советници во општина Тетово од НДП, Хамди Саити како и градоначалничките кандидати за тетовските рурални општини , за Желино Беќир Черкези, за Боговиње Агим Рахими и за Теарце Рамадан Идризи.

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“