Светската фудбалска федерација, ФИФА, има многу амбициозни планови околу иднината на клупското светско првенство, па финансиски дури и да ја надмине Лигата на шампионите на УЕФА.
ФИФА има девет понуди за маркетиншки и телевизиски права, а од 2021 година, првенството ќе биде со нов формат и 24 клуба учесници, кои во првата фаза би играле во групи. Во 2021, Светското клупско треба да се игра во Кина.
„Светското клупско првенство ќе стане најдоброто на светот, и според квалитетот на тимовите и според приходите. Работиме на тоа. ЛШ генерира приходи од сите страни на светот, а парите одат само во Европа. Нашата мисија е парите да одат секаде низ светот. Добри би било ако еден ден имаме и 30 тима на светското клупско првенство“ – изјави претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.