ЗНМ со осуда за навредите на портпаролот Димче Арсовски кон новинарот Фуркан Салиу

Од:

Од Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) остро ја осудуват, како што велат, непримерната изјава на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, упатена кон новинарот на ТВ Клан, Фуркан Салиу.

Денеска Арсовски преку својот профил на Фејсбук, јавно го обвини новинарот Салиу за ширење на национал-романтизам и лажни вести. Понатаму тој го обвинува колегата Салиу дека во пресрет на изборите одработува одредена агенда за СДСМ, се вели во соопштението на Здружението на новинари.

Од таму сметаат дека ваквиот напад на политичар кон новинар дава лош пример во општеството, особено во услови кога се најавени предвремени парламентарни избори.

„Ова претставува еклатантен пример за тоа како не треба еден политичар јавно да комуницира со новинарите. Бараме од портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ јавно да се извини за изнесените ставови, а доколку не го направи тоа, бараме од ВМРО-ДПМНЕ да се огради од неговиот став со цел да не биде сфатено во јавноста дека ова омаловажување е направено во име на целата партија ВМРО ДПМНЕ, туку во име на еден поединец“, велат од ЗНМ.

Потсетуваат дека доколку политичарите или било кој граѓанин има забелешка за работата на новинарите и медиумите, тогаш треба да се обратат до Советот за етика во медиумите на Македонија или до Советот на честа при ЗНМ.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Попречувањето на новинарската работа е недозволиво

А1он

ЗНМ: Грубо прекршување на правата на новинарката Мирослава Симоновска: Повик за итна истрага

Чадиковски ги повика институциите да се најдат сторителите на запаленото возило на директорот и новинар на штипската Телевизија М НЕТ

ЗНМ: Запалено возилото на колегата Серсемов, бараме итна акција на МВР

Судскиот совет одлучи по претставката на ЗНМ: јавен укор за судијата Спировска Панева

ЗНМ: Нова контроверзна пресуда на Основниот граѓански суд Скопје