Македонскиот дипломатски синдикат бара итно повлекување на систематизацијата

Од:

Македонскиот дипломатски синдикат бара итно укинување на систематизацијата во Министерството за надворешни работи со која, како што тврдат оттаму, многу дипломати биле деградирани, а многу и од нив останале и со „статус кво“ позициите и покрај нивното догогодишно искуство.

-Оваа систематизација претставува Вартоломејска ноќ за македонската дипломатија. Под изговор за потреба од намалување на раководни работни места, повеќе од триесет (30) дипломати се селективно и спротивно на законските прописи деградирани, што е прв системски случај на деградирања од 1991 година. Во професијата во која се потребни десетина години искуство за создавање квалитетни професионални кадри, голем број дипломати преку ноќ се маргинализирани со деградирање на несоодветни позиции. Ваквиот професионален ролеркостер е проследен и со финансиски ролеркостер, имајќи предвид дека раководството на МНР не се погрижило да ги заштити вработените на кои им се намалени платите и придонесите, вклучително и на оние што се пред пензионирање. Поради тоа произлегоа голем број жалби и судски тужби против раководството на Министерството, се вели во денешното соопштение од Македонскиот дипломатски синдикат.

Покрај деградирањата, велат од синдикатот, новата систематизација ги вкопа во статус кво позициите на голем број дипломати кои и по десетина години работа не биле унапредени соодветно на нивното знаење и искуство. Спречувањето на нивниот развој, сметаат, е во спротивност со одредбите на Законот за надворешни работи и делува негативно не само врз нив и нивните кариери, туку и на способностите на целата дипломатија.

-За жал, пропуштена е шансата оваа систематизација да ја организира дипломатската служба на современ начин, со што би добила на ефикасност, квалитет и агилност. Задржан е концептот од почетокот на деведесеттите, кој што е строго централизиран и нефлексибилен. Министер ја контролира работата на сите вработени, вклучително и техничките служби, а организационите единици ја третираат проблематиката од тематски наместо од содржински аспект, па така сродни содржини се делат на различни тела, без нивна суштинска координација. За нефункционалноста придонесува и несмасното фузирање на директорати кои немаат ништо заедничко, освен желбата на неприроден начин да се намали нивниот број, се додава во соопштението.

Поради ваковото масовно нарушување на работните права и затапување на ефикасноста на дипломатската служба, Македонскиот дипломатски синдикат бара најитно повлекување на систематизација и вклучување во изготвувањето на нова модерна систематизација, која ќе даде придонес во создавањето модерна дипломатија, способна да одговори на современите предизвици. Систематизацијата, се потенцира во соопштението, е од интерес и важност за сите вработени на Министерството за надворешни работи, а не на мал елитен круг дипломати.

Би можело да ве интересира

Засега нема македонски државјани што побарале помош или евакуација од Либан

Бугарското МНР за знамињата на средбата меѓу Сиљановска Давкова и Радев: Посетата не беше официјална

На бугарскиот амбасадор Желјаско Радов му била укажано за отстапувањето од договорениот протокол

Предраг Петровиќ

Демаршот на бугарскиот амбасадор ќе биде врачен од директорот на Директоратот одговорен за регионот, а не од министерот Муцунски

Македонската амбасадорка во Софија повикана во бугарското МНР поради изјавите на вицепремиерот Николоски

МНР: Коридорот 8 е од стратешко значење, но важна е и подготвеност за соработка на Бугарија