Мркиќ: Ватикан нема да го признае Косово

Од:

Министерот за надворешни работи на Србија, Иван Мркиќ денес изјави дека Ватикан нема да ја признае независноста на Косово и дека не е исклучено некои држави кои што го признале Косово да ја повлечат својата одлука.

Меркиќ изјави дека премиерот на Косово, Хашим Тачи на инагурацијата на папата Франческо, присуствувал бидејќи церемонијата ја надминува политиката, но дека тоа не значи почеток за признавање на Косово.

Добивме цврсти уверувања дека нема никаква промена во ставот на Ватикан во таа смисла. Нема признавање, ниту почеток на признавање. Во тоа не убедија претставниците на Светата столица – изјави Мркиќ.

Тој додаде дека Тачи бил во Ватикан пречекан, како и сите останати гости. Мркиќ оцени дека постои можност некои држави да го повлечат признавањето на Косово. Според него Србија спроведува секојдневни активности, за спречување на признавањето на Косово.

Доколку воопшто се постигне некој договор во рамките на дијалогот, не мислиме дека државите треба да го сменат својот став. Србија не ја признава и нема да ја признае независноста на Косово. Тогаш е сосема нормално сите они кои до сега не го признаа, да го задржат својот став – изјави Мркиќ.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина