Митровски: Јас ја црпам сила од вашата поддршка

Од:

Денеска пред граѓаните на митинг во општината Ѓопче Петров се обрати кандидатот за градоначалник, Сокол Митровски предложен од Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Вашето присуство е најдобриот доказ, дека работиме онака како што сме ветиле и сме ја оправдале вашата доверба. Јас ја црпам сила од вашата поддршка, убеден дека само заедно сме посилни, поуспешни и посилни. Мојот сон за развојот и напредокот за оваа убава општина го споделувам со вас, роднини, соседи, сопартијци, ќе оставиме дела за идните генерации, а токму делата се она по што ќе не паметат. Делата се наши паметници, вековен печат за нашите дела.

Митровски потсетувајќи ги граѓаните на минатото истакна дека на СДСМ нема граѓаните да му го заборават неприродното прекројување на границите на Ѓорче.

-Од нас направија заборавена општина со неразвиена инфрастуктура, темни улици, диви депонии, риуинирани училишта и градинки, општина во која со години немало никакви вложувања, за детски и спортски игралишта никогаш не станувало збор. Со години бевме заборавени на маргините на општествените случувања, нагласи Митровски.

Тој додаде дека таа слика се променила по доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ, па сега СДСМ, како што рече, им завидуваат и се чудат што да излажат, но ништо не им поминувало.

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“