(ВИДЕО) Миле Јовановски по распитот кај Русковска: Среќна нова ‘49, не чувствувам вина

Од:

Миле Јовановски по распитот во судот рече дека не чувствува вина за случајот со Меѓународниот сојуз, каде е осомничен за перење пари и измама. Тој ги поздрави новинарите велејќи им „Среќна нова ‘49“.

Неговиот распит кај обвинителката Вилма Русковска траеше еден час. Тој не знаеше дали истрагата е завршена.

Јовановски не одговараше на повеќе прашања, велејќи дека ќе даде изјава на прес-конференција која најверојатно ќе ја закаже за наредната недела.

Подоцна на распит треба да дојде и неговиот син Бојан Јовановски кој со полиција треба да биде спроведен од затворот Скопје во Шутка. На распит треба да се појави и асистентката Христина Блажевска.

Пред нив, исказ дадоа Јасна Мандиќ која беше заменичка на Бојан Јовановски и пратеничката Фросина Ременски која е почесен претседател во сојузот.

Истрагата за овој случај не е завршена, а осомничените минатата недела правеа увид во доказите за да се подготват за давање исказ.

Обвинителството ги сомничи за делата „измама“ и „перење пари“. Адвокатот на Јасна Мандиќ по распитот кај Русковска рече дека таа била донесена во заблуда од Боки 13, а пак, пратеничката Ременски очекува Обвинителството да ја запре постапката против неа.

Русковска најави обвинение за овој случај на почеток од идната година.

Би можело да ве интересира

Маж од Битола и се заканувал и изнудувал пари од сограѓанка

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Семејството на Боки 13 по посетата во „Идризово“: Она што го видовме, не го посакуваме на друг родител

Кристијан Ландов

Приведени две лица за изнуда, поднесена кривична пријава

(АУДИО) Русковска не знае дали е таа на новите бомби за кои кажа дека се од „Рекет“, па сега не знае што врска имаат со предметот

Кристијан Ландов