Фирмаta „Калавеј“, што ги доработува американските автомобилски легенди, какви што се моделите „Камаро“ или „Корвета“, го претстави концептот „Shooting Brake“, верзија на новата генерација „Шевролет Корвета“.
Популарноста на таканаречената „Shooting Brake“ форма на каросеријата очигледно е во нагорна линија. Најпрво на Саемот на автомобили во Женева 2013 година компанијата „Бертоне“ ја претстави „Shooting Brake“ верзијата на моделот „Астон Мартин Рапид“, за сега низ сличен третман да мине и американскатаа автомобилска икона, моделот „Корвета“.
Оваа специјална верзија „Корвета Ц7 Стинграѕ“ ја има ознаката „AeroWagon“ и веќе може да се нарача од фирмата „Калавеј“, а задниот дел на каросеријата ќе се изработува од јаглердони влакна.
Во оваа компанија изјавуваат дека нивните клиенти за преработката на моделот„Корвета“ во верзијата „AeroWagon“ ќе мораат да издвојат дополнителни 15.000 долари, под услов да пријават доволен број заинтересирани.
„Калавеј“ на својот сајт објави и дека така доработениот автомобил ќе биде во состојба да развива максимална брзина од над 322 километри на час (200 милји на час), но не објавија детали за погонската единица.
Потсетуваме дека стандардната верзија на моделот „Корвета Ц7 Стинграѕ“ ја придвижува 6.2-литарски В8 мотор со директно вбризгување, сила од 457 КС и 610 Нм максимален обртен момент.
Доколку примат доволан број нарачки за „AeroWagon““ верзијата, во компанијата „Калавеј“ очекуваат првите автомобили на купувачите да им ги испорачаат до крајот на 2013 година.