(ВИДЕО) Кузмановска: Ѓорчев го кочи зголемувањето на пензиите

Од:

Пратениците од владејачката СДСМ денеска го обвинија претседателот на собраниската Комисијата за труд и социјална политика, Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ дека не сака да закаже продолжение на седница на ова собраниско тело на која би се разгледале законските измени со кои се предвидува зголемување на пензиите на 320 илјади пензионери.

Пратеничката Катерина Кузмановска од СДСМ денеска на прес-конференција обвини дека Ѓорчев го кочи зголемувањето на пензиите од идниот месец и со тоа по којзнае кој пат потврдува пред целата јавност дека тој и неговата партија се против повисока пензија за 700 денари за секој пензионер во државата.

– Со предложените законски измени што ги кочи Ѓорчев и ВМРО-ДПМНЕ во 2020 година просечната пензија ќе изнесува околу 15.500 денари или од доаѓањето на СДСМ на власт до почетокот на идната година просечната пензија ќе порасне за вкупно 1.746 денари, рече Кузмановска.

Според неа, со оваа законска измена Владата на СДСМ предвиде покачување од 700 денари и дополнително усогласување од околу 200 денари што значи дека пензиите до крајот на 2020 година ќе пораснат за околу 900 денари.

Би можело да ве интересира

СДСМ за прославата 35 години независност: Нема „нула“ денари, парите од Државна лотарија се народни

A1on

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Жерновски: Патриотизмот веќе не му поминува на Мицкоски

СДСМ: Мицкоски нема ништо државничко, „Талог“ е кампања по моделот на Ванчо Михајлов

Горан Наумовски

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски