Беличанец-Алексиќ ветува отворен и интензивен дијалог со бизнис секторот во Кисела Вода

Од:

Отворена соработка со стопанствениците што работат на територијата на општина Кисела Вода вети кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ Билјана Беличанец – Алексиќ на денешната средба со дел од бизнисмените кои работат во овој регион од градот.

– Општината во иднината ќе биде отворена за соработка со стопанствениците. И сегашниот градоначалник има создадено комуникација, која во иднина треба да биде интензивирана за да бидеме во дослух со она што ним им треба, но и со она што нам можат да ни излезат во пресрет како Oпштина, изјави Беличанец-Алексиќ на средбата, на која присуствуваше заедно со вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски.

Таа најави дека понтензивно ќе се заложи за лобирање во однос на завршувањето на булеварот „Борис Трајковски“, кој како што рече им е потребен на претпријатијата што работат и кој би обезбедил индустриската зона да заживее поинтензивно.

Според вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски важно е да постои интензивна и коректна соработка помеѓу градоначалникот, помеѓу локалната самоуправа, Владата и бизнис секоторт, бидејќи секогаш врз основа на тој дијалог може да се дојде до многу поквалитетни и пооптимални решенија и за бизнисмените.

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“