Димовски: Секој глас за Коцевски е глас за Црвенковски и Георгиевски

Од:

Секој глас за Аце Коцевски на овие избори е и глас за Бранко Црвенковски и Љубчо Георгиевски. Тие се луѓето кои нанесоа најголема штета во минатите дваесетина години во нашиот град. Во нивните мандати се затворија сите поголеми фабрики и фирми во нашиот град, а Велес остана град со 10.000 помалку работни места, изјави денеска на прес-конференција во Велес пратеникот Илија Димовски.

Оваа изјава тој ја даде како реакција на обвинувањата на кандидатот за градоначалник на Велес од СДСМ Аце Коцевски.

– Вклучени сме во поддршката на кандидатот за градоначалник на Велес Славчо Чадиев, и јас и другиот пратеник Коџабашиев, и министрите од Владата и целиот Општински комитет на ВМРО-ДПМНЕ и целата советничка листа. Ние сме тим. За разлика од нас, Коцевски е сам. Нема ниту еден човек со посериозна кариера и искуство зад себе, изјави денеска Димовски.

Целиот град, додаде тој, знае дека и тој самиот демонстративно ја напуштил седницата односно состанокот на СДСМ, кога СДСМ ја кроел советничката листа, бидејќи како што самиот кажал „СДСМ со таква советничка листа и такви кадри на советничката листа не може да победи во Велес“.

-Тоа е разликата, Коцевски е сам и единствено со поддршката од Љубчо Георгиевски и Бранко Црвенковски, рече Димовски.

По митингот на СДСМ во Велес, додаде тој, и нему почнува да му станува јасно дека граѓаните повеќе не му веруваат. –

Господине Коцевски, за време на вашиот мандат за пратеник, и во време на вашиот мандат за градоначалник, никој од нас не слушна брза, остра и јасна реакција за кој било грабеж и за која било приватизација или стечајна постапка во Велес, но кога некој лично ќе ве прозве, реагирате во рок од 24 часа, изјави Димовски.

Би можело да ве интересира

Шест месеци до изборите во САД: „Претседателот е доста непопуларен“

Горан Наумовски

Косово на прагот на нови предвремени избори

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз