(ВИДЕО) Цаневска: Треба да се лоцираат виновниците за црниот понеделник, но не со ваква комисија

Од:

Катерина Цаневска – Арсовска рече дека уште пред 24 декемви се знаеше дека се се’ случило за пари, и тоа за многу пари. Таа рече дека најмногу ја разочарало тоа дека по црниот понеделник, ако новинарите дотогаш покажувале некоја сплотеност, очигледно веќе ситуацијата не е иста.

„Кога ги гледав вестите на телевизиите верувајте дека немаше ниту збор од нашите колеги за тоа што се случи на галеријата, за тоа што се случи во собранието. Според медиумите пратениците од опозицијата го напуштија собранието, а новинарите беа љубезно замолени да ја напуштаТ ГАЛЕРИЈАТА. Верувајте дека неколку денови после тоа ги чувствував модириците од тоа љубезно замолување“, рече Цаневска – Арсовска.

Таа посочи дека колегите новинари еден ден потоа известиле дека претседателот на државата, собранието, владата жалат за настанот со новинарите, и запраша дека ако не известиле за тоа, зашто жалат и што имааат новинарите од тоа жалење.

„Единствено што треба да се направи е да се лоцираат виновниците и да се побара одговорност за тоа што се случило. Но не со ваква комисија и вакви членови од кои двајца беа дирекнти учесници во настаните. И сите што беа новинари знаат дека барем едно 50 пораки му напишавме на господинот Илија Димовски за да ја крене главата и за да го прашаме зошто не бркаат од галеријата“, заклучи таа.

Темјана Поповска

Би можело да ве интересира

Сорос тврди дека поразот на Русија во Украина ќе ја распадне „Руската империја“

Сорос и Гејтс ќе ја преземат фирмата за брзи ковид тестови

Ана Ололовска

ПроПублика: Маск, Сорос, Безос не плаќале данок на доход со години

Ана Ололовска

Највисокиот суд на ЕУ против унгарските закони што го погодија универзитетот на Сорос

Ана Ололовска

Според Сорос, Си е закана за ЕУ

Ана Ололовска

Орбан: Сорос стои зад миграцијата на Балканот

Ана Ололовска