ВИДЕО: Богоев го познава тепачот кој со боксови нападна жител на Трнодол, бара МВР да го расчисти случајот

Од:

Со бокс го удрил директно во главата бидејќи побарал од граѓаните присутни на јавната расправа, кои не биле жители на Трнодол, да отстапат простор за дискусија. Вака сведочи нападнатиот Кире Атанасов за „А1он“ по вчерашните инциденти. Тој посочи дека бил нападнат од лицето Саше Спасовски. Од Министерството за внатрешни работи за „А1он“ потврдија дека инцијалите на лицето се С. С. Градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев, вели дека го познава напаѓачот Спасовски од многу одамна, но тврдеше дека не бил пратен од СДСМ на јавната расправа. Нападнатиот Атанасов вели дека има документација и луѓе што ќе сведочат за да се расветли целиот случај.

„Без повод и причина бев физички нападнат од лицето Саше Спасовски, кој за своите блиски е познат по прекарите Саше Амстердам и Буљаш. За последиците од нападот, поседувам лекарска документација, сведоци и полициски записник од ПС Карпош. Ме нападна бидејќи побарав да се искажам и побарав да ни отстапат место лицата што не се дирекно засегнати од новиот ДУП. Од моја страна немаше никаква реакција. Од општината никој не е повреден и нападнат освен јас. Прво ме турна, потоа со бокс ме удри во лице под окото“, сведочи Атанасов.

Саше Спасовски, напаѓачот за кој Атанасов вели дека му удрил бокс, е познајник на градоначалникот Стефан Богоев. Тие на социјалните мрежи имаат и заедничка фотографија, а Спасовски споделувал низа партиски објави од учество на собири организирани од СДСМ. „А1он“ се обиде стапи во контакт со него, но безуспешно.

Градоначалникот Стефан Богоев за „А1он“ вели дека Спасовски може да е партиски член, а обвинувањата дека бил испратен од СДСМ, гарантира дека не се точни. Тој посочи дека ќе почека МВР да каже дали едната пријава ќе биде против неговиот познјаник.

„Можно е да е тој едниот против кого е поднесена едната пријава. Затоа ви реков да го почекаме билтенот на МВР. Апсолутно, познавам таков човек. Од многу одамна. Билтенот ќе каже кон кого се поднесени пријавите. Јас разговарав и со командирот и инсистирав да ги расветли случаите бидејќи не сакам никаква дамка да се стави дека некој не одговарал и дека нешто се забошотило. Тој живее во Козле, но не би знаел локација или адреса“, вели Богоев за „А1он“.

Богоев вели дека е несериозно тој да тврди дали ВМРО-ДПМНЕ пратила активисти на расправата за Трнодол. Тој посочи дека тезите на ВМРО-ДПМНЕ алудираат на тоа дека тие како опозиција сакаат да соберат партиски поени врз база на инцидентот на расправата за Трнодол.

„Немам информација. Метежот што се случи вчера е резултат на серија лажни вести и дезинформација. Видов партиски активисти на ВМРО-ДПМНЕ во Жданец. Препознав неколкумина бидејќи своевремено работеле и тука во Општината, но повеќе не работат. Не видов активисти на СДСМ. По она што го видов, таму беа некои од граѓаните со кои разговаравме за Трнодол на работна средба, некои од нив сум сигурен дека не ми оставиле впечаток дека имаат каква било партиска припадност, туку, напротив, тие дејствуваа како најнормални совесни граѓани“, рече Богоев.

Би можело да ве интересира

Жителите на Трнодол бараат нов ДУП, наместо најавената јавна расправа идната година

Татјана Ташкова

ДУП-от за Трнодол на повторна јавна презентација и анкета во првата половина на 2020.

Татјана Ташкова

Левица: Легализирање на криминалот во Трнодол нема да ви помине!

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Богоев: Јужната обиколница е само технички нацртана во ДУП за Трнодол, Шилегов ќе ја избрише

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Премалата сала направи хаос наместо дебата на расправата за Трнодол

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Тепачка на јавната презентација на ДУП-от за Трнодол

Кристијан Ландов