(ВИДЕО) Локвенец: По десет години слушнавме обраќање на натпартиски претседател

Од:

По десет години обраќања на еден партиски послушник како Ѓорге Иванов кој ги промовираше политиките на режимот и изолацијата, денеска бевме сведоци на обраќање на натпартискиот претседател Стево Пендаровски, изјави пратеникот Хари Локвенец од СДСМ.

Посочи дека може да се согласат за дел од работите спомнати во обраќањето на Пендаровски, кога претседателот вели дека има уште многу работа, особено имајќи го предвид кочењето на процесите од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

– Во однос на помирувањето. Тој процес го иницираше премиерот Заев, започна овде во Собранието, се формираа и работни групи на оваа тема кои активно придонесуваат и на тој процес треба да му се даде целосна поддршка. За само две и пол години со речникот на претседателот за време на најбрзата обнова на институции во повоена Европа, СДСМ успеа да ја врати државата во нормала и да ја донесеме на прагот на членство во НАТО Алијансата и отворањето на преговорите со ЕУ. Значењето на Договорот од Преспа и Договорот со Бугарија за нас како држава и за нејзината иднина се исклучително важни. ЕУ и НАТО не се возможни без Договорот од Преспа, со кој државата излезе од децениска изолација и дојде на прагот на НАТО и ЕУ. Договор кој затвори 25-годишен спор и истовремено го зачува и обезбеди нашиот идентитет, изјави Локвенец.

Нема компромис, подвлече тој, со криминалот и тоа е јасна позиција и на СДСМ.

– Нема таков суд, судија, обвинител што ќе го запре овој процес. На овој наш заеднички пат треба да ја завршиме борбата за правда. Како парламентарно мнозинство сакаме да гледаме сојузник во претседателот Пендаровски во нашата мисија да обезбедиме решенија што обезбедуваат подобар живот за сите и водат напред за правда и едно општество за сите, изјави Локвенец.

Изрази очекување тоа да продолжи и по 12 април кога граѓаните ќе потврдат дека сме на прав пат и нема да дозволат да се врати режимот.

– Режим никогаш повеќе, истакна Локвенец.

Би можело да ве интересира

Поповиќ: Одговорност од Тошковски по новиот скандал со фалсификувани возачки дозволи во МВР

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

(ВИДЕО) СДСМ и ДУИ ја прозваа Владата за величањето на Младиќ: „Обвинителството да постапи“, ВЛЕН е соодговорен

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Дата-центрите се иднината на човештвото, вели Мицкоски: Опозицијата користи застарени аргументи

Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски