А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Провидни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ да креира криза во Карпош со лажни вести, граѓаните ја знаат вистината

by А1он18/12/2019 - 14:20419
Share0

„Тажен ден беше вчера за Општина Карпош. Во период кога транспарентноста на процесот за носење на ДУП – от ЈОЗ Блок 7, за потегот околу Трнодол, во ниту еден момент не беше доведена во прашање се случи насилство, агресија и вандализам, што е за секаква осуда.

Добивај вести на вибер

Група на граѓани предводени од блиски луѓе – соработници на ВМРО – ДПМНЕ, како и лица инволивирани во скандал поврзан со финансирањето на кампањата на оваа партија свесно сакаат да не вратат во 2013 година, во периодот кога режимот на Груевски и ВМРО – ДПМНЕ организираа насилни протести во Општина Центар, тепаа советници и ја блокираа работата на локалната самоуправа.

Нападот врз службено лице на Општина Карпош, оштетата на имотот во УЗ „Кузман Јосифовски Питу“ се само потврда на насилството и свесното блокирање на работата на Општината.

Дека вчерашниот инцидент не е случаен говори и фактот што засилено се пласираа лажни вести од страна на медиумите блиски до ВМРО-ДПМНЕ“, велат од СДСМ.

„Бесрамно се јави и коалициониот партнер на ВМРО-ДПМНЕ и главен креатор на насилната и непланска урбанизација во Карпош, Стевчо Јакимовски. За потсетување, тогашниот градоначалник, а денеска обвинет Јакимовски, носеше ДУП-ови за време на празници, а за јавни презентации воопшто не стануваше збор.

Вчеравечер, блиски луѓе до ВМРО – ДПМНЕ имаа задача да направат хаос и да спречат одржување на Јавна презентација. Привремено успеаја и злоупотребија и други, совесни и чесни граѓани од Трнодол.

Факт е дека транспарентноста на процесот не беше загрозена. Напротив. Јавната презентација беше закажана по завршување на работното време, а јавната анкета трае од 08:00 до 18:00 часот, 11 работни денови, до 27 декември 2019 година.

Градоначалникот Стефан Богоев имаше и средба со засегнатите граѓани, на која се постигна согласност за сите клучни барања, истите се имплементираа во новиот Предлог ДУП, а претставниците на граѓани се потпишаа на записникот од средбата.

Очигледна е намерата свесно да се креира криза во ситуација кога сите страни се согласни!

ВМРО – ДПМНЕ најсигурно се чувствува во криза, во тепачки и сценарија за блокади но граѓаните тоа нема да го дозволат. Режим, никогаш повеќе!

Совесните и разумни граѓани знаат, на кога му одговараше вчера да не се одржи јавна презентација и да не се дозане вистината?

Локалната самоуправа предводена од СДСМ и од градоначалникот Богоев ќе продолжат со отворениот процес, постојаната комуникација со сите страни, граѓани и медиуми“, соопштуваат од СДСМ.

karpossdsm

Би можело да ве интересира

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Горан Наумовски21/04/2026 - 17:04

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он20/04/2026 - 20:47

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он20/04/2026 - 19:0420/04/2026 - 22:44

(ВИДЕО) Кузеска: Со празни фижидери најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа

Горан Наумовски20/04/2026 - 11:45

СДСМ: Бараме локален референдум за рудникот со антимон во кривопаланечко Луке

А1он19/04/2026 - 09:0719/04/2026 - 16:49

СДСМ: Мицкоски да им се извини на уметниците и културните работници за навредите

Предраг Петровиќ18/04/2026 - 13:3518/04/2026 - 15:57
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто