Откажан новогодишниот огномет во Хонг Конг од безбедносни причини

Од:

Новогодишниот огномет во Хонг Конг првпат во една деценија ќе биде откажан, поради шестмесечните протести кои го зголемуваат безбедносниот ризик, соопшти туристичката заедница.

Инаку, огнометот привлекува илјадници жители и туристи во пристаништето Викторија, а одбројувањето до Нова година се пренесува во поголем дел од светот.

Протестите во поранешната британска колонија, поттикнати од контроверзниот закон за екстрадиција, кој во меѓувреме беше повлечен, нанесоа штета на туризмот и малопродажниот сектор. Неколку реномирани културни и спортски настани се откажани во последните месеци.

Огнометот ќе биде заменет со мултимедијалната „Симфонија на светлината“, вклучувајќи проекции што ќе бидат прикажани на полноќ на највисоките градски облакодери.

Фасадата на конгресниот и изложбениот центар во Хонг Конг ќе се претвори во џиновски часовник што ќе одбројува до почетокот на новата година. Помали пиротехнички средства ќе бидат дозволени.

Би можело да ве интересира

Кинескиот суд одлучи: Затвор за лицата кои упаднаа во градското собрание во Хонг Конг

Горан Наумовски

Хонг Конг: Седуммина уапсени во случај на „перење“ 1,8 милијарди долари

Хонг Конг: Две лица ги загубија животите во поплавите, повеќе од 100 лица се повредени

ВИДЕО: Тајфунот фрла девојка на улица, вода продира низ зградите: Драматична снимка од невремето во Хонг Конг

(ВИДЕО) Силниот тајфун Саола го погоди Хонг Конг

Екстремен спортист загина во Хонг Конг додека се фотографираше