ВИДЕО: Премалата сала направи хаос наместо дебата на расправата за Трнодол

Од:

Салата во која требаше да се одржи јавната расправа за ДУП-от за Трнодол повторно беше претесна за да ги собере сите граѓани што беа заинтересирани да земат учество во дебатата. Наместо парламентарен дијалог, во салата настана хаос, а расправата не почна, туку по половина час расправии меѓу присутните граѓани и претставникот на Општина Карпош, Горан Павлов, таа заврши со тепачка. Жителите бараа други простории каде што ќе може да се соберат сите присутни, односно каде што ќе има работна атмосфера.

„Нека има адекватен простор во кој ќе може да се работи, каде што ќе може секој да се изјасни и да го каже својот став. Да разговараме како луѓе, како цивилизирани луѓе. Работната атмосфера треба вие да ја створите. Немате услови да ни се обратите. Не е точно дека ние не сакаме да разговараме за да го решиме ова прашање“, рече еден од присутните граѓани на јавната расправа.

Присутните негодуваа и за цената што ќе треба да се плати за реализација на ДУП-от во Трнодол. Тие рекоа дека тоа ќе чини многу и нема да може да се плати само со парите од комуналните такси потенцирајќи дека е срамота тоа што се прави.

„Да ве прашам, колку чини задоволството? Дали имате направено студија во Општината? Немате сигурно. Едноставно, ќе ви објаснам, ваква инфраструктура на територијата на град Скопје досега нема и ова е првпат што се прави. Таа чини многу скапо. Таа не може да се плати од комуналните придонеси бидејќи повеќето се домаќинства. Срамота е тоа што го правите“, рече еден од присутните обраќајки му се на општинарот Павлов.

Граѓаните му дадоа до знаење на општинарот, кој презентира дека се трошат нивните пари, а тие тоа не го дозволуваат.

„Најголема тема е кај ќе бидат моите пари“, на што општинарот Горан Павлов одговори: „Темата е квалитетот што се нуди со овој ДУП“. На ова остро реагира жител на Трнодол, кој рече: „Илјада луѓе потпишавме дека не ни треба квалитеот што ни го нудите“.

Пратставникот на Општина Карпош, кој требаше да ги биде домаќин на јавната раправа, ги демантира граѓаните кои велеа дека во салата намерно два часа пред дебатата биле донесени луѓе што не се жители на Трнодол со цел повторно дебатата да не се одржи.

„Ние сме дојдени со најдобрата намера, на која било заинтересирана странка да ѝ презентираме. Не знаеме кој од овие луѓе има интерес. Некој можеби има земјиште, друг куќа, трет има одредени интереси да инвестира или не знам што. Дали некому треба да му го скратиме правото? Дали треба да правиме селекција? Луѓето што овде присуствуваат велат дека ние треба да направиме селекција. Извинете, демократијата не се гради така. Ние ќе видиме што ќе правиме бидејќи ова не е првпат, туку истата порака се упатува неколкупати. Се прави опструкција на одржувањето на седницата. До каде можеме да одиме со вакви работи? Никако да се дозволи дијалог, единствено монолог, атакување, обвинување“, рече претставникот на Општина Карпош, Горан Павлов.

По ова, се случи тепачка, најпрвин меѓу граѓаните што беа присутни во салата, а потоа физички беше нападнат и општинарот Павлов кон кого беа упатени и вулгарни зборови.

Би можело да ве интересира

Жителите на Трнодол бараат нов ДУП, наместо најавената јавна расправа идната година

Татјана Ташкова

ДУП-от за Трнодол на повторна јавна презентација и анкета во првата половина на 2020.

Татјана Ташкова

Левица: Легализирање на криминалот во Трнодол нема да ви помине!

Ана Ололовска

ВИДЕО: Богоев го познава тепачот кој со боксови нападна жител на Трнодол, бара МВР да го расчисти случајот

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Богоев: Јужната обиколница е само технички нацртана во ДУП за Трнодол, Шилегов ќе ја избрише

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Тепачка на јавната презентација на ДУП-от за Трнодол

Кристијан Ландов