Водоводна мрежа и канализација во село Никиштани

Од:

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров Сокол Митровски денеска го промовираше проектот секундарна водоводна мрежа во селото Никиштани. Новата водоводна мрежа ќе почне да се поставува на почетокот на мај и годинава ќе биде завршена.

– Жителите кои досега користеа техничка вода која не беше исправна за пиење, ќе добијат вода од градскиот водовод. Општината досега изгради цевковод со пумпна станица во должина од 1.280 метри од селото Орман до селото Никиштани. Во употреба е пуштен и резервоар од 2.000 метри кубни вода со кој ќе бидат задоволени потребите на жителите за наредните дваесетина години, рече Митровски.

Здрава вода за пиење ќе добие и новоизграденото основно училиште „Јоаким Крчовски“.

Општината изработува и физибилити студија за изградба на канализациска мрежа во селата Никиштани и Орман со мини пречистителна станица за отпадните води.

Би можело да ве интересира

Шест месеци до изборите во САД: „Претседателот е доста непопуларен“

Горан Наумовски

Косово на прагот на нови предвремени избори

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз