Кина и Русија му предложија на Советот за безбедност на ОН укинување на некои санкции против Северна Кореја, но САД сметаат дека се уште не е време за таков потег.
Русија нагласи дека целта на тој предлог е да се поддржат и поттикнат преговорите меѓу Вашингтон и Пјонгјанг.
Според таа резолуција, од санкциите би биле изземени некои севернокорејски производи, како што е текстилот или морската храна. Исто така, би била укината забраната за работење на севернокорејски државјани во странство.
Се уште не се знае кога Русија и Кина ќе побараат гласање за тој предлог, но за негово усвојување потребни се девет гласови, под услов ниту една од земјите членки да не стави вето.