Петнаесет години од партнерството меѓу НАТО и земјите од Истанбулската иницијатива

Од:

Амбасадорите на Северноатланскиот Совет (НАТО) денеска се состанаа во Кувајт Сити со партнерите од Истанбулската иницијатива за соработка, која ги вклучува Бахреин, Кувајт, Катар и Обединетите Арапски Емирати.

Цел на посетата е одбележување на 16-годишнината од форумот за партнерство. На средбата присуствуваа и претставници на Оман, на Саудсика Арабија, како и на Заливскиот совет за соработка, се наведува во соопштението на НАТО.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ја истакна прилагодената обука и практичната поддршка што НАТО им ја дава на заливските земји и изрази благодарност на поддршката која заливските партнери ја даваат во операциите под водство на НАТО во БиХ, Косово и Авганистан.

Тој, исто така, го поздрави и фактот дека НАТО и неговите заливски партнери тесно соработуваат во рамките на глобалната коалиција во борбата против Исламска држава.

-Горд сум на соработката што е остварена меѓу нашите народи и многу се радувам на продлабочувањето на нашето партнертво во иднина, рече Столтенберг.

Би можело да ве интересира

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Нордиските и балтичките земји ја поддржуваат улогата на НАТО во поддршката на Украина

Русија: Немаме намера да влегуваме во конфликт со НАТО

Четири години од членството во НАТО – Земјава не е само фактор на стабилизација на регионот, туку и поттик за државите во соседството