ДЕН: Локални избори – спроведување и набљудување на изборниот процес

Од:

„Следејќи ја реториката на настапите на поедини кандидати за градоначалници од албанскиот политички блок во Македонија, се добива впечаток дека истите се спремни по секоја цена и не бирајќи средства да дојдат до градоначалничките позиции во т.н. клучни општини, во нивните размислувања за некакви етнички обединети територии.

– Ваквата сценографија и еуфорија кои ги подгреваат меѓуетничките тензии и го загрозуваат соживотот и толеранцијата треба да ги постават институциите на системот во состојба на крајна будност и спремност да се спречат сите појави на непочитување на изборното законодавство и волјата на гласачкото тело.

– Повикуваме, членовите на избирачките одбори да покажат посебна одговорност во спречувањето на сите појави на непочитување и злоупотреба на волјата на гласачите, при самата постапка на гласање и понатаму при броењето на гласовите по затворањето на избирачките места. Тука пред се’ се мисли на гласањето на едно лице за повеќемина користејќи ги нивните патни исправи, потоа гласањето со туѓи лични документи при што посебно внимание треба да се посвети на личната идентификација на гласачите, групното гласање, попречувањето на гласање, како и сите други изборни нерегуларности на кои сме биле сведоци во изминатите изборни циклуси.

– Посебен апел упатуваме до припадниците на полицијата да не бидат статисти и неми посматрачи при појавите на нарушувањето на јавниот ред и мир и евентуалното прекршување на изборното законодавство, туку одговорно и ефикасно да реагираат на сите вакви појави и овозможат непречено одвивање на изборниот процес и целосно почитување и спроведување на законите на целата територија на Република Македонија.

– Воедно, се обраќаме и до Канцеларијата за демократски институции и човекови права при ОБСЕ, и г-динот Герт Аренс, од овие причини своите набљудувачи во најголем дел да ги распредели токму во општините Кичево( со Зајас и Осломеј), Струга(со Велешта и Лабуништа), Долнени и други каде преовладува заострена реторика и се очекува неизвесна изборна битка за градоначалнички и советнички места“, се вели во соопштението на Граѓанска асоцијација „ДЕН“.

Би можело да ве интересира

Аргентинската опозициска партија победи на изборите во Буенос Аирес

Шест кандидати на AfD починаа пред германските избори

Предвремени избори за претседател на Република Српска на 23 ноември

Горан Наумовски

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата

На овие избори во најголемиот дел работите ќе се решат уште во првиот круг, вели Мицкоски

Горан Наумовски

Демократска партија на Турците на Македонија на локалните избори ќе настапи самостојно