Судскиот совет тврди дека во континуитет врши проверки за застарување на предметите

Од:

Судскиот совет (СС) во континуитет врши проверките за застарувањето на предметите со непосреден увид во Основниот кривичен суд Скопје, велат од СС за МИА во врска со повикот што вчера од трибината „На прав пат“ во Скопје го упати премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев до Советот да направи проверки за застарувањето на предметите и да ја провери професионалноста на судиите.

-Судскиот совет на ден 9.10.2019 година и 20.11.2019 година започна со проверките за застарувањето на предметите со непосреден увид во Основниот кривичен суд Скопје. Континутетот на проверките продолжува и понатаму со увид на 18.12.2019 година, велат од Судски совет.

Заев исто така ги прозва и Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) да отвори постапки за проверка на имотот на судиите и обвинителите, а УЈП, Катастарот, Централниот регистар, МВР и Финансиската полиција уште овој месец да почнат проверки на имотот на судии, обвинители и членови на нивните семејства.

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска за МИА одговори дека ДКСК веќе има изградено став по тоа прашање и согласно Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси усвојува Годишен план за наредна година, за следење на имотна состојба и судир на интереси, врз основа на извршена анализа и проценка на ризици од корупција во одредени области, што е и основа за изготување на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси.

Годишниот план ќе се утврди и ќе се спроведе врз основа на законските надлежности, а согласно расположливите човечки и материјално – технички капацитети на Државната комисија.

Законските надлежности на Државната комисија во делот на следењето на имотната состојба се спроведуваат преку проверка на вистинитоста на податоците внесени во анкетните листови, како и испитување на имотната состојба доколку има основано сомневање дека имотот на лицето е несразмерно зголемен во споредба со неговите редовни примања и примањата на членовите на неговото семејство.

Во делот на следењето на состојбата на судирот на интереси, Државната комисија ги проверува податоците од изјавите за интереси кои се однесуваат на работни места, членство во управни и надзорни одбори, здруженија на граѓани и фондации и други податоци кои се однесуваат на избраните и именуваните лица и членовите на нивните семејства.

– Испитувањето на имотната состојба, е нова надлежност на Државната комисија, за чие спроведување потребно е зајакнување на постојните човечки и материјално – технички услови и вклучување на други истражни органи, појаснуваат од ДКСК.

Имајќи ја предвид искажаната подготвеност на премиерот за ставање на располагање на сите капацитети на извршната власт за ефикасно спроведување на постапките за испитување на имотната состојба, Државната комисија смета дека е неопходна координација на сите надлежни институции, но врз основа на конкретни задолжувања од страна на Владата на Република Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

Разрешувањето на претседателот на Судскиот совет да биде јавно, предвидува предлог-законот

Катерина Ѓуровски

Камбовски: Финансиската зависност ја уништува судската независност, да се промени начинот на кој се прават реформите

Судски Совет: Судијата Ељведин Ферати не можел да досуди повисока за возачот кој ја прегази Теодора Ристовска

Судскиот совет тврди: Половина од судовите лани биле неажурни

Горан Наумовски

Како уште се толерираат вакви судии: Четиригодишно дете наместо на мајката, со пресуда го дадоа на таткото семеен насилник

Предраг Петровиќ

Филипче: Оксиморон е со партиски протести Мицкоски да се бори против наводно партизирано судство