Извршниот директор на Пининфарина Силвио Ангори изјави дека концепт возилото „Серџо“, дизајнирано во чест на основачот на компанијата Серџо Пининфарина кој почина 1985 година, би можело да биде произведено во ограничен број од само 5 до 6 примероци.
– Ако планиравте да го купите Ламборџини Венено, но не бевте доволно брзи, за истата сума пари можеби ќе бидете во можност да го купите моделот Серџо, кој е базиран на Ферари 458 Спајдер, изјави Ангори.
Серџо концептот е долг 4.550, широк 1.940 и висок само 1.140 милиметри. Двоседот е тежок 1.280 килограми, а една од специфичностите е недостиогот на ветробранско стакло. Потенцијалниот купувач затоа ќе добие во „сериска опрема“ две кациги.
Моделот е опремен со 4,5 литарски В8 мотор и седумстепен секвенционален менувач. Забрзувањето до место до 100 километри на час е за 3,4 секунди, а максималната брзина изнесува 320 километри на час.
Шефот на дизјанот, Фабио Филипини, нагласи дека во Пининфарина веќе се запознаени со потребните модификации кои мора да се направата за Серџо да може да се користи на јавни патишта. Според европските закони, возачот може да управува со автомобил без ветробранско стакло само доколку користи кацига, но Филипини нагласи дека Серџо ќе биде понуден и со ветробранско стакло за оние што не сакаат или не можат да користат кацига.