Предизборно пуштени во употреба нови бунари во Прилеп

Од:

Благодарение на проектот од страна на Министерството за транспорт и врски и на ЈКП „Водовод и канализација“, вреден околу 1.100.000 евра, денеска министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески во придружба на градоначалникот Марјан Ристески ги пуштија во функција десетте нови бунари, со издашаност од 140 литри вода во секунда.

Според Ристески, со бунарите, замената и обновата на водоводната мрежа градот полека го решава главниот проблем со водоснабдувањето во оние периоди кога е намален протокот на изворот Студенчица.

Носителот на листата за советници од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Димески, во придружба на другите кандидати за советници од владејачката коалиција, заедно со министерот и градоначалникот, присуствуваа и на доделување на 24 имотни листа на корисници на куќи во населбата Варош. Според Комисијата за проценка на недвижен имот од Општината, вредноста на еден ваков објект изнесува некаде околу 10.000 евра.

Покрај тоа што се прави во екот на предизборната кампања, сето ова уредно е поставено и на општинската веб-страница, на која веќе еднаш осамнаа партиски симболи и беше користена за партиска промоција, како што објавивме пред една недела.

А.Ш

Би можело да ве интересира

Пламна пожар во стан во Прилеп, две жени завршија во болница

Финансиска полиција ја тресе прилепската болница

Истрага за 50-годишен прилепчанец за обид за убиство на социјален работник

А1он

Јанкоски: ЛДП бара итна и темелна истрага за нападот на вработената во социјалното во Прилеп

Тешко ранета е вработена во прилепскиот Центар за социјални работи

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Китаноски: Борче Јовчески ќе остане запаметен и по расипничкото и неодговорно трошење на парите на граѓаните