Кинеското вселенско летало Шенжу-9 се врати на Земјата со тричлен екипаж по 13-дневна мисија. Астронаутите извршиле низа експерименти за време на престојот во вселената, а извршија и успешно мануелно поврзување со лабораториски модул.
Лиу Јанг, член на екипажот е првата Кинеска во вселената, јавуваат кинески медиуми. Таа по чин е мајор во кинеското воено воздухопловство.
Маневарот за поврзување со модул сега за првпат беше направен со човечки екипаж. Во ноември 2011 година Шенжу-8 успешно во два наврата се поврза со далечинска контрола. Кина има ограничена соработка во вселената со останатите држави и исклучена од соработка на Меѓународната вселенска станица воглавно поради противење на САД.