А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Тодоровиќ: Гласајте за оние што оставија дела зад себе

by А1он19/03/2013 - 22:11192
Share0

Кандидатот за градоначалник за општина Центар од коалицијата „За поодбра Македонија”, Владимир Тодоровиќ, се обрати на митингот пред насобраните граѓани во општината.

Следете a1on на Instagram Instagram

Пред четири години заедно со започнавме да пишуваме една поинаква приказна, приказна за модерен центар, за центар кој се развива, центар во кој дневно минуваат илјадници луѓе и туристи, истакна тој.

Тодоровиќ рече дека за него најважни се граѓаните на Општина Центар и потенцираше дека Општина Центар не е само „Плоштад Македонија”, туку и населбите Капиштец, Маџир Маало, Дебар Маало, Пролет, Ново Маало, Крњево, Буњаковец, Водно, Градски ѕид и Кале.

Изградивме прекрасно и современо шеталиште во централното градско јадро кај хотел Јадран – Сквер Јадран, ја реконструиравме и ја претворивме во прекрасно шеталиште, улицата Никола Вапцаров која се протега кон плоштадот Македонија, кај кафулето Тренд, ниедна локална самоуправа во државава досега нема изградено капитални објекти како што општина Центар тоа го направи со: Мостот на уметноста – симболот на Општината – пешачки мост на реката Вардар кон новиот објект на обвинителството, како и Мостот ОКО – кон влезот на новиот објект на Археолошкиот Музеј, ја изградивме катната гаража кај Судска палата, изградивме двокатен монтажен паркинг на ул.Народен фронт во Капиштец, започнавме со изградба на спортска сала во ОУ„ Гоце Делчев‟, го уредивме просторот и ја обновивме фонтаната кај Трготекстил, кулите спроти Рамстор и пасошко, изведовме нови тротоари, поставивме јавно осветлување и урбана опрема низ цел Градски Ѕид од Кулите спроти Владата па се’ до Градска болница, ги обновивме фасадите на десетици згради, со што придонесовме кон подобрување на термоизолацијата, а воедно и разубавување на истите, рече Тодоровиќ.

Следете a1on на Youtube YouTube

Тој рече дека „Проектот Скопје 2014‟ е мега проект кој тешко би можел да го реализира било која власт, во било која земја. Тоа што опозицијата го напаѓа неаргументирано, како што рече Тодоровиќ е само за да ја оправда својата неспособност кога таа била на власт.

izbori

Би можело да ве интересира

Шест месеци до изборите во САД: „Претседателот е доста непопуларен“

Горан Наумовски03/05/2026 - 21:0903/05/2026 - 22:00

Косово на прагот на нови предвремени избори

Горан Наумовски29/04/2026 - 14:23

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

Предраг Петровиќ11/04/2026 - 14:12

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Горан Наумовски01/04/2026 - 11:55

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски30/03/2026 - 07:1930/03/2026 - 09:21

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Горан Наумовски23/03/2026 - 14:26
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто