Минхенски Баерн е заинтересиран за напаѓачот на Наполи, Единсон Кавани. Барем така тврди ФИФА агнетот Пасквале Гало, кој истакнал дека „баварците“ размислуваат да испратат понуда до Наполи за уругваецот.
Вчера претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис нагласи дека цената за „лудаците“ кои го сакаат Кавани изнесува 70 милиони евра, но Гали изјави дека без разлика на тоа Баерн размислува за доведување на дваесет и шестгодишниот напаѓач.
„Незнам дали Кавани би заминал во Баерн, но германскиот тим дефинитивно размилува за негово доведување, затоа што моментално тој е еден од најдобрите напаѓачи во Европа. Баерн е фантастичен клуб и можам со сигурност да кажам дека се заинтересирани за Кавани“ – изјави Гало.
Тој исто така додаде дека Наполи ќе ја спушти цената на Кавани на 50 милиони евра.
„Де Лаурентис зборува за цена од 70 милиони, но сметам дека ќе спушти до 50. Баерн има голем буџет и амбиции, така да можат да си го дозволат тоа“ – додаде Гало.