Илија Димовски дознал дека поротничките имаат по 60 години и побара одлагање на „Талир“

Од:

Обвинетиот Илија Димовски во предметот „Талир“, на почетокот од судењето рече дека две од поротничките навршувале 60 години старост и дека тоа е основа за престанок на функцијата со што судењето би почнало од почеток.

„Со достојно извинување на двата члена од судечкиот совет, во Законот за судови во членот 80 еден од основите за престанок на функцијата судија-поротник е навршување на 60 години старост. Во овој совет двајца од судиите-поротници го исполнуваат овој услов”, рече Димовски и побара одлагање на рочиштето за да се надмине, како што рече, оваа ситуација. Тој кажа дека неговите адвокати формално ќе го информираат претседателот на судот, Иван Џолев, а барањето било во насока на економичност на судската постапка.

„Џолев е надлежен да постапи и да го извести Судскиот совет по службена должност”, рече Димовски и дополни дека ова би била повреда на постапката од апсолутен карактер.

Судијата Осман Шабани рече дека овие околности не се во доменот на надлежност на овој судечки совет и за тоа сметка треба да води Судскиот совет, па расправата продолжи.

Обвинението за незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ ги опфаќа екслидерот на партијата Никола Груевски, и самата партија, како и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Илија Димовски и Леко Ристоски. Обвинетата Елизабета Чингаровска призна вина и доби условна казна затвор.

Груевски е обвинет дека во периодот од 2009 до 2015 година обезбедил пари за партијата од анонимни и незаконски извори. Нему, според СЈО, му помогнале Кирил Божиновски и поранешниот министер Миле Јанакиески кои вршеле притисок врз фирмите што добивале тендери за да обезбедат готовина за потребите на ВМРО-ДПМНЕ. На ваков начин партијата добила најмалку 4,6 милиони евра.

Обвинителството тврди дека Илија Димовски, Миле Јанакиески, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска како потписници на партиските сметки ги пуштиле овие пари во оптек, иако знаеле дека се стекнати нелегално. Првото рочиште за предметот се одржа на 18 февруари, а главната расправа речиси 10 месеци не може да почне.

Би можело да ве интересира

ОЈО го измени обвинението во „Талир“, застаре едно од делата на Миле Јанакиески

Горан Наумовски

Изборот на нови судии во Апелација, може да ги врати „Ласкарци“, „Титаник“ и „Талир“ од почеток

Судењето за предметот „Талир 2“ одложено за 22 април

Ана Ололовска

Судењето за предметот „Талир 2“ одложено за 8 април

Ана Ололовска

Вработен во Општина Петровец, сведочеше во „Талир“ за начинот на плаќање донации во име на ВМРО-ДПМНЕ

Ана Ололовска

Случај „Талир“: Јанакиески и Божиновски од сопственикот на „Урбан Инвест” барале 15.000 евра

Ана Ололовска