Тачи побарал од папата Ватикан да го признае Косово

Од:

Косовскиот премиер Хашим Тачи, за време на приватна средба со папата Франциск, побара Ватикан да го признае Косово, соопштија од кабинетот на Тачи.

Според тоа што се наведува, Тачи го информирал папата за напредокот во изградбата на држава Косово, известува хрватскиот портал „Блицс“.

Додаваат дека Тачи се сретнал со повеќе светски лидери, меѓу кои се германската канцеларка Ангела Меркел, претседателот на Европската комсија Жозе Мануел Баросо, претседателот на Европскиот совет Херман ван Ромпеј, словенечкиот претседател Борут Пахор и францускиот премиер Жан-Марк Еро. Исто така разговарал и со премиерот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ и премиерот на Босна и Херцеговина Вјекослав Беванда.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина