Шекеринска-Шидер: По успехот во НАТО очекуваме вреднување на сработеното и од ЕУ

Од:

Заменичката на претседателот на Владата и министерка за одбрана Радмила Шекеринска денеска во Брисел се сретна со Андреас Шидер, копретседавач на Заедничкиот парламентарен комитет на Северна Македонија и ЕУ.

На средбата Шекеринска ги истакна приоритетите на нашата земја во следниот период поврзани со односите со Унијата и ставот кон новата методологија за преговори и проширување што ја препорачуваат некои од Земјите членки.

“Владата останува посветена на реформскиот процес кој ги опфаќа владеењето на правото, судскиот систем, унапредувањето на демократијата”, рече заменичката на претседателот на Владата и министерка за одбрана Шекеринска.

Таа додаде дека по успехот со НАТО граѓаните на нашата земја ја продолжуваат поддршката за членство во ЕУ.

“Уверени сме дека отворањето на преговорите со Унијата ќе биде силно охрабрување за земјата и за регионот и ќе придонесе кон негово натамошно стабилизирање. Ќе прифатиме секакви фер услови кои ќе произлезат од договорите за идната методологија но очекуваме нашите напори да бидат вреднувани”, истакна министерката.

Копретседавачот Андреас Шидер рече дека напредокот на Северна Македонија е евидентен и дека земјата заслужува позитивен став и доследност од страна на Унијата.

Тој најави дека Заедничкиот парламентарен комитет ќе ја интензивира својата работа и веќе идната седмица ќе се состане во Стразбур.

Шидер ја истакна поддршката од Заедничкиот парламентарен комитет и рече дека односите ќе продолжат во истиот дух на разбирање и соработка.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски

ЕУ: Нема да има дополнителни 220 милиони евра грантова помош за Украина

Ќе се лансираат американски ракети од европски лансери

Мацинка: Чешка силно го поддржува што поскорото членство на Македонија во ЕУ

Латвија бара седум милијарди евра од ЕУ поради прекинот на трговијата со Русија

А1он

Путин издаде наредба: „Уништете го НАТО“

Предраг Петровиќ