Трамп до Грета Тунберг: Олабави Грета, олабави

Од:

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска реагираше кон шведската активистка Грета Тунберг, нарекувајќи го смешно тоа што е избрана од „Тајм“ за личност на годината.

„Грета ќе мора да поработи на својот проблем со контролата на гневот, а потоа да гледа добар стар филм со пријатели“, напиша Трамп на Твитер.

„Олабави, Грета, олабави!“, додаде тој.

Тоа не е првпат Трамп да изрази незадоволство затоа што, како што наведуваат американски медиуми, неговото влијание не се признава.

Во 2015 година, Трамп ја „нападна“ германската канцеларка Ангела Меркел, кога беше прогласена за личност на годината, дека „ја уништува Германија“. Таа година Трамп исто така беше еден од кандидатите за личност на годината.

И бразилскиот претседател Жаир Болсонаро ја критикуваше шведската тинејџерка, нарекувајќи ја „дерле“ (португалски – piralha).

Американски „Тајм“ ја прогласи Грета Тунберг за личност на годината заради нејзината посветеност во борбата против климатските промени.

Би можело да ве интересира

Мет Гаец нема да биде државен обвинител на САД

Бајден наполни 82 години и стана најстариот актуелен претседател во историјата на САД

Трамп го номинираше Метју Витакер за американски амбасадор во НАТО

Трамп повторно повика на разговори за можноста САД да го купат Гренланд

Трајна неутралност на Украина, воени ограничувања за Киев, што бара Путин за да договри примирје со Трамп

ВИДЕО: Лос Анџелес станува „град засолниште“ за мигранти пред доаѓањето на Трамп

Катерина Ѓуровски